Кошарката е минато: Поранешни НБА-ѕвезди се тепаа во ринг (ВИДЕО)

Поранешните кошаркари Ленс Стивенсон и Мајкл Бизли решија своето ривалство да го пренесат во рингот, а нивната борба во Лас Вегас стана вистински хит.

Двајцата борци беа активни од стартот, а Стивенсон успеа да го совлада Бизли уште во првата рунда, и тоа по само една минута и 26 секунди поминати во рингот.

Стивенсон во кариерата во НБА ги носеше дресовите на Индијана, Шарлот, Лос Анџелес клиперс, Лос Анџелес Лејкерс, Атланта и други екипи, додека Бизли играше за Мајами, Минесота, Феникс, Милвоки и уште неколку тимови.