Која е атрактивната жена која се сликаше со Нурмагомедов? (ФОТО)

Хабиб Нурмагомедов го победи Конор Мекгрегор со давење во четврта рунда на УФЦ 229 во Лас Вегас, па така ја одбрани титулата во лесна категорија.

Сепак, на социјалните мрежи се појави видео од свадбата на Нурмагомедов, а на него сопругата беше целосно покриена, па многумина ги интересираше за кого станува збор.

Во медиумите се појави една фотографија, на која Хабиб е слика со атрактивна жена, па сите помислија дека станува збор за неговата сопруга, но тоа била водителката Олга Бузова.

Сè што се знае за сопругата на Хабиб е дека тие во 2015. година добиле ќерка, а две години подоцна и син, но нејзиното име и изглед не е познат на јавноста.