„Ќе се борам само со Нурмагомедов кога ќе биде подготвен!“

Борбата на Нејт Дијаз против Дастин Порие беше одложена поради повреда на неговиот противник.

Пресметката помеѓу нив требаше да се одржи на трети ноември на УФЦ 230 во Њујорк, но дуелот е отказан, а УФЦ се обидува да најде замена.

Деновиве се појавија шпекулации дека нареден противник на Дијаз би можел да биде Конор Мекгрегор на крајот на оваа или почетокот на наредната година.

Сепак, Дијаз откри што планира да прави по откажувањето на неговиот наредн дуел.

„Ќе се борам само со Хабиб кога ќе биде подготвен“, кажа Дијаз.

Нејт последната борба ја имаше во август 2016. година, кога беше поразен од Мекгрегор со одлука на судиите.