Камерунец нокаутира бивш шампион во УФЦ за само – 27 секунди (ВИДЕО)

Поранешниот УФЦ-шампион, Каин Веласкез се врати во октагонот по две ипол годишна пауза, но во Феникс на УФЦ-вечерта, шоуто го украде неверојетниот Камерунец, Франсис Нгану, кој успеа да го нокаутира по само 27 секунди.

Нгану со тоа го запиша 12-от најбрз нокаут во историјата на УФЦ, па со триумфот сега влезе во кругот на ултимејтфајтери кои ќе се борат за титулата во тешка категорија.