Исто како и Мегрегор, така и неговите навивачи добија ќотек од Дагестанците (ВИДЕО)

Ирците знаат да бидат незгодни, особено кога се под дејство на алкохол, но дефинитивно нема играње со Дагестанците. Пo борбата помеѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор во рамки на УФЦ 229, истата имаше своевидно продолжение и тоа помеѓу навивачите на двајцата борци. 

Пред еден од штандовите за храна во арената во Лас Вегас, неколку навивачи на Мекгрегор ги провоцираа фановите на Нурмагомедов. Иако Дагестанците прво беа мирни и не сакаа никакви проблеми, одеднаш се размавнаа со тупаници, а Ирците почнаа да „паѓаат како крушки“ на подот.