Исхраната на шампионот: Што јаде Нурмагомедов за да доминира во УФЦ!

Хабиб Нурмагомедов во последните два дена е вистински хит по епската и хаотична победа во УФЦ-спектаклот со Конор Мекгрегор, борба која освен што ќе остане запаметена како победа за Дагестанецот, јавноста ќе ја памети и со жестоките пресметки надвор од „октагонот“.

И во изминативе два дека Нурмагомедов е спортска личност број еден, па медиумите ги извадија и најситните детали за неговиот живот, за тоа како се борел со мечка уште како дете на девет години и како стигнал до ултимејт-фајт серијата во која нема пораз. Нурмагомедов со технички нокаут го победи чаламџијата Мекгрегор и со тоа сега има скор од 27-0.

Сепак многумина ги интересира како „дагестанскиот орел“ успева да доминира во УФЦ со години и како успева да ја одржува формата? Што јаде Нурмагомедов? Како изгледа неговата исхрана за да биде голем шампион?

Една од најголемите причини зошто Дагестанецот е така успешен е неговиот ефикасен план на диета и добар режим на исхрана. Хабиб, кој е висок 178 сантиметри и има 70 килограми има едноставна, но цврста исхрана.

Нурмагомедов постојано тежнее да ја одржи тежината, но да ја подобри силата и издржливоста, па поради тоа користи протеини за мускулите побрзо да ја вратат силата без додавање на килограми. Инаку Нурмагомедов извлекол поука од своите рани грешки околу исхраната, па во еден момент се повлекол од УФЦ поради лоша здравствена состојба, бидејќи се жалел на болки во црниот дроб, а сето тоа било предизвикано од штетното влијание на поедини прехрамбени производи.

Оттогаш 30 годишниот ултимејфајтер со најдолга серија на победи (27) јаде исклучиво многу овошје и зеленчук, со мали порции на месо и на пченица. Неговиот план за исхрана е едноставен и веќе познат.

Пие фрапе од зеленчук, една банана, една мала лажичка „фрас-фред протеини“, пченкарен прав и сето тоа измешано со вода и лед. Потоа една чаша грчки јогурт, кршени ореви, пола чаша боровница, една голема порција на зелена салата, спанаќ, зелка, домати, краставици, печурки и млада зелка, плус една туна со сенф и лук.

Повремено со ова се мешаат и протеини. Па така јаде две црвени пиперки со краставица, три тврдо сварени јајца, една свежа жолчка, тиквички со маслиново масло, пилешко или мисиркино месо само ако е печено на скара или обарено и половина шолја црн грав измешана со сода.

Ова е целата програма и режим на Хабиб со која тој ги исфрлил сите преработени хранливи материи, синтетички шеќери, како и натриумот. Основа за здрава исхрана. После секој оброк, Нурмагомедов прво што прави е колку калории внесува и колку од истите ги согорува.