И Дијаз се јави по жестоките закани на Нурмагомедов до УФЦ

Хабиб Нурмагомедов денеска се закани на управата на УФЦ дека ќе го прекине договорот со нив, доколку организацијата го отпушти неговиот пријател Зубаир Тухугов, кој го удри Конор Мекгрегор по борбата.

По заканите на Хабиб се јави и Нејт Дијаз, кој иронично побара да нема откази.

„Дена, те молам остави го глупавиот пријател на Хабиб. Отпушти ме мене, ќе биде подобро така“, порача Дијаз.

На Дијаз му пропадна бробата против Дастин Порие со кој требаше да се бори на трети ноември во Њујорк, а порача дека го интересира само дуел против Хабиб.

Нејт во моментов во кариерата има 19 победи и 11 порази, а последен пат се бореше пред две години кога имаше победа и пораз против Мекгрегор.