Хабиб откри како му изгледало скршеното стапало и ги замолче критичарите (ФОТО)

Хабиб Нурмагомедов повторно ги остави сите без зборови, откако го совлада Џастин Гејџи во втората рунда на УФЦ 254 настанот, по што ја заврши неговата кариера, во која оствари 29 победи и ниту еден пораз.

Уште поимпресивно е тоа што Хабиб се борел против Џастин со скршено стапало, а таа информација ја откри Дена Вајт по спектаклот во УФЦ.

Многумина не веруваа во изјавата на Вајт, па Хабиб реши сите да ги замолчи и објави слика од неговото скршено стапало и прст.