Хабиб Нурмагомедов му се „закани“ на претседателот на УФЦ (ФОТО)

Хабиб Нурмагомедов три дена по победата против Конор Мекгрегор го доби појасот за светски шампион во лесна категорија во УФЦ. Претседателот на организацијата Дејна Вајт се двоумеше дали да му го додели појасот поради инидентите и хаосот, што ги направи по борбата во Лас Вегас. 

„Дејна Вајт среќа што ми го даде појасот, инаку ќе ти ја скршев колата, знам каде паркираш“, напиша Нурмагомедов на „Инстаграм“, позирајќи со појасот светски шампион.  

Нурмагомедов сепак остана без бонусот од 2 милиони долари по борбата. Тоа беше неговата казна поради  тоа што излезе од кафезот и почна тепачка со тренерот на Конор Мекгрегор.