Хабиб го скокна рингот поради него, а потоа тренерот на Мекгрегор направил нова лудост!

Хабиб Нурмагомедов во неделата во Лас Вегас го победи Конор Мекгрегор на УФЦ 229 со давење во четвртата рунда и ја одбрани титулата во лесна категорија.

Сепак, неговата победа остана во „сенка“ поради инцидентот кој се случи по борбата, кога Хабиб ја прескокна оградата и тргна да се пресмета со Дилон Данис, тренерот на Мекгрегор, кој постојано го навредуваше неговиот противник.

Сепак, осигурувањето реагираше брзо и спречи поголем инцидент.

Но, УФЦ-борецот Брајан Ортега таа ноќ бил во шок кога го видел Дилон во еден од ноќните клубови во Лас Вегас. Ортега кажа дека најмногу го шокирало тоа што бил сам, односно што би поминал многу лошо доколку ги сретнел Хабиб и членовите на неговиот тим.

„Го видов во ноќен клуб и беше сосема сам. Му се доближив и го прашав дали е нормален и зошто е сам. Се обидуваше да се сокрие, но сите го препознаа. Тоа е навистина луд и храбар потег, зашто многу лесно можеше да биде претепан од екипата на Хабиб. Таа ноќ речиси сите УФЦ-борци биа тука“, кажа Ортега.