„Го мразам стилот на Нурмагомедов, брат ми би можел да го претепа“

Откако Хабиб Нурмагомедов го победи Конор Мекгрегор на УФЦ 229 во Лас Вегас, многу борци се појавија во јавност, зашто мислат дека може да го победат борецот од Дагестан. Браќата Дијаз, Нејт и Ник се меѓу првите кои почнаа со провокациите.

Случувањата во рингот, но и надвор од него привлекоа големо внимание, а постариот Дијаз, односно Ник вели дека Нејт би можел да го победи Хабиб, а исто така кажа дека го мрази стилот на борба на Мекгрегор.

„Конор не личеше на себеси. Навивав за него, сакав да победи. За мене тоа не е чист стил на борба затоа што на фановите им требаат повеќе борци како мене, а помалку како Хабиб. Тој е досаден и валкан борец. Мораш да имаш посебен стил за да победиш борец. Мислам дека мојот брат Нејт би можел да го претепа Хабиб“, кажа Ник.

Искусниот 35-годишен борец последната борба ја имаше пред три години кога беше поразен од Андерсон Силва, но таа пресметка не беше признаена бидејќи двајцата борци паднаа на допинг тест.