Брутален нокаут и крај на борбата за 11 секунди! (ВИДЕО)

Американскиот ММА борец, Кејлан Хил, ја имаше најимпресивната победа викендов, која ќе остане запаметена.

Хил во четвртиот настап во ММА рингот стигна до четвртата победа, но на неверојатен начин, откако го нокаутираше Андреа Вокер за само 11 секунди, односно од првиот удар на мечот.

Американецот со вртење го удри директно во вилица својот противник и го испрати на подот по што судијата прогласи крај на борбата.