Адесања му удри невиден ќотек на Коста, па порача: Јас сум најдобар! (ВИДЕО)

Нигерискиот ММА-борец, Израел Адесања направи вистинско шоу и ја одбрани титулата во средна категорија, откако го совлада ривалот Пауло Коста уште во втората рунда.

По победата имаше и порака за јавноста која го критикуваше по досадниот меч, кој во март го имаше против Џоел Ромеро.

„И како што кажа Рој Џонс, верувајте ми дека морав да запаметам што зборувавте минатиот пат. А тогаш мислевте дека сум досаден... Сега ќе ве потсетам дека сум најдобар!“, порача борецот.

Тоа беше 20. триумф во неговата кариера и засега нема ниту еден пораз, додека Коста во 14. борба го доживеа првиот неуспех.