Прв медал за Македонија на Медитеранските игри: Каратистот Келебиќ освои бронза

Македонија го освои првиот медал на Медитеранските игри во Тарагона, кои вчера официјално беа отворени, а со бронзен медал се закити каратистит Ненад Келебиќ, додека европскиот првак Емил Павлов во последната секунда остана без бронзата во својат борба за овој медал.

Келебиќ во категоријата до 67 килограми прво го победи Мароканецот Ајуб Закарија со 9-7, а потоа и Бурак Ујгур од Турција со 3-0, а за во мечот за бронзата против Португалецот Жоаким Мендеш имаше 2-2, по што судиите пресудија во негова корист за конечни 3-2 и прв медал за Македонија.

Претходно, европскиот првак Павлов во категоријата до 60 килограми ги победи Косовецот Оргес Арифи со 3-1, па Јохан Лопез од Франција со 1-0, а загуби во полуфиналето од Абделсалам Амеканси со 1-2, за во мечот за бронза во последните секунди да доживее пораз од Турчинот Ерај Самдан со 1-3.

ФОТО: Ипон