МИ: Јакупи освои злато, Арсовски се закити со бронза!

Откако вчера Ненад Келебиќ освои бронза, македонските каратисти денеска додадоа уште два медали, од кои еден најсјаен. Златен медал освои Берат Јакупи во категоријата до 84 килограми, со бронза се закити Жарко Арсовски во истата категорија.

По европската титула на Емил Павлов, нов голем успех направија македонските каратисти, па сега тие од Тарагона носат ново злато, дело на Јакупи и две бронзи на Арсовски и Келевиќ, за да потврдат дека овој спорт, кој е олимписки на следните ЛОИ во Токио е напиот најголем адут за нов олимписки медал од најзначајните спортски игри.

Јакупи до златото стигна со судиска одлука за победа по 2-2 во финалето со Французинот Жеси Да Коста, затоа што прв освоил поен, а претходно во полуфиналето го победи Србинот Дејан Цвркота со 2-1, Италијанецот Микеле Мартина со 3-0 во четвртфиналето, а со судиска одлука 2-1 и Мерис Муховиќ од БиХ во осминафиналето.

Арсовски, пак, во мечот за бронза со судиска одлука беше подобар од Симоне Марино и стигна д бронзениот медал (1-1), зошто прв освоипоен во „малото финале“, а на патот кон новото одличје во полуфиналето загуби од Алжирецот Хоцин Даики со 1-9, во четврфиналето со судиска одлука беше подобар од Фелипе Реис (2-1),