Македонската репрезентација во бразилска џиу-џица викендов беше дел од престижен турнир во Босна и Херцеговина, кадешто остварија голем успех и освоија 18 медали.

Репрезентацијата настапи со 15 натпреварувачи, а успеа да освои 18 медали, од кои шест беа златни, шест сребрени и шест бронзени, а тоа беше тест пред „Абу Даби џиу-џицу Про Македонија, Скопје“ настанот, кој ќе се одржи на 26 октомври годинава.

Златни медали освоија Даниела Алексовски, Ева Илиевска (категорија, апсолутна), Филип Митревски, Томи Блажевски, Вања Милевски.

Сребрени медали им припаднаа на Михаил Поповиќ, Александар Колевски, Никола Петрушевски, Андријана Цветковска, Ања Чивчиристовска, Бојан Манчевски.

Додека бронзени медали освоија Александар Поповиќ, Никола Петрушевски (апсолутна), Марко Петровски, Кристијан Илиевски, Андријана Цветковска (апсолутна), Јорго Проја.

Македонскиот селектор Ивица Алексовски е задоволен од постигнатиот успех на македонските репрезентативци и најави уште поголем успех на предстојниот голем спортски настан кој ќе се одржи на 26 октомври годинава во Скопје во организација на Центарот за боречки вештини “Д Стронгест”, Македонската Федерација за Бразилска џиу џица и Агенцијата за млади и спорт.