Македонската Џудо федерација реагираше по веста дека тренер силувал малолетнички!

Со соопштение се јави и Џудо федерацијата на Македонија, која е згрозена поради вест за поранешниот тренер, кој неодамна ја загубил и лиценцата затоа што злоупотребил официјални документи испратени од Светската џудо федерација.

„Во однос на последните информации за приведување на еден поранешен тренер по џудо, Македонската Џудо федерација би сакала да го даде следното појаснување. Во врска со последните случувања поврзани со обвинувањата за злоставување малолетнички од тренер по џудо, згрозени сме од информациите во јавноста и очекуваме брзо разрешување на случајот. Веруваме дека истрагата целосно ќе го расветли случајот за што како Федерација сме целосно на располагање на истражните органи. Посочениот тренер одамна не е член на федерацијата и уште минатата година беше дел од дисциплинска постапка поради злоупотреба на официјален документ испратен од Светската Џудо Федерација како и поради прекршување и непочитување на Статутот и други мерки и протоколи. Поради оваа дисциплинска постапка, одземена му е лиценцата за тренер по џудо и исфрлен е од Џудо федерацијата на Македонија, за што официјално беа известени сите надлежни институции вклучувајќи ја и Агенцијата за млади и спорт. Со почит, Канцеларија на Џудо федерација на Северна Македонија“, стои во соопштението.