АМС ги пречека каратистите: Вие покажавте дека Македонија е на врвот!

Агенцијата на млади и спорт денеска организираше приме за македонските каратисти од последното Европско првенство за кадети, јуниори и помлади сениори.

Директорот Дарко Каевски им го честиташе успехот на македонските каратисти и кажа дека тие покажале уште еднаш дека Македонија е на врвот и планира таму да остане.

„Гордо ве пречекуваме од 46-то Европско карате првенство за кадети, јуниори и помлади сениори. Денеска е чест да се биде рамо до рамо со европските шампиони Петар Спасеновски и Доан Османи, како и освојувачите на сребрени медали Давид Петков и Бојан Костов. Нашите каратисти покажаа дека сме на врвот и таму планираме да останеме. Пофалби и до стручниот штаб за посветената работа со македонските репрезентативци“, кажа Каевски.