Ужасна сцена во Мексико: Почина кечер откако доби незгоден удар (ВИДЕО)

Спортската јавност во Мексико е шокирана откако младиот професионален борач, Луис Анхел Салазар почина откако заработи срцев удар сред борба. 

Неговиот противник го удри со нога во градите, по што 26-годишникот претрпе срцев удар и падна во бесознание. Медицинскиот тим крај рингот успеа да го врати во живот, но за жал Салазар починал во болница.