Ултимејтфајтерка суспендирана до – 2044 година!?

Ромеро Борела е италијанска ултимејтфајтерка, која ја доби досега невидената суспензија, која практично значи крај на нејзината кариера во ММА, откако италијанската анти-допинг комисија ја суспендираше до 2044 година.

Борела доби 26 години суспензија поради невидена глупост. Вообичаено спортистите добиваат вакви „доживотни суспензии“ за користење на допинг или прекршување на допонг правилата, систематски допинг, ама Италијанката ја фатиле како дила дрога. Борела била фатена како препродава дрога и забранети супстанци и првично била „осудена“ на 15 години без право да се занимава со спорт, но потоа таа казна е зголемена на 26 години.

Италијанската ултимејтфајтерка, која продавала кокаин и марихуана, како и други тешки и лесни дроги била фатена заедно со нејзиниот дечко Филипо Масерати, кој е рагбист. Била фатена за препродажбата во нејзиниот боречки клуб, кој бил и нејзина сопственост. Но, иако има суспензија, таа продолжила да се бори, но сега прашање е до кога.

Во Италија нема да може, но останува опцијата дека може да се натпреварува на друг континент, ако во меѓувреме не и се затворат сите врати во овој насилен спорт.