Американската спортска јавност е во шок откако се дозна за смртта на Ешли Масаро. Таа беше ѕвезда на ВВЕ од 2005 до 2008 година и беше една од најпопуларните борачки во целиот свет.

Масаро почина на само 39 години и тоа само кратко откако најави дека повторно се враќа во рингот. Засега не се соопштуваат детали од нејзината смрт, но шпекулациите велат дека не се работи за насилна смрт, односно дека не се работи за убиство.