ОФИЦИЈАЛНО: Мекгрегор побара реванш со Нурмагомедов!

Конор Мекрегор доживеа дебакл во борбата против Хабиб Нурмагомедов, но сепак Ирецот не се откажува и побара реванш.

Според извори блиски до претседателот на УФЦ, Дана Вајт, Конор му испратил порака и побарал од него да одобри реванш против борецот од Русија.

Русинот успешно ја одбрани титулата, но борбата ја одбележа голем скандал откако по техничкиот нокаут, скокна од октагонот и го нападна тренерот на Мекрегор.

Како и да е, очигледно тука не е крајот на војната помеѓу овие двајца борачи...