Хабиб: Воопшто не се каам, пак би скокнал преку оградата!

Битката добиена, титулата одбранета, противникот понижен, иницирана општа тепачка, прекуокеански лет, средба со народот на Анжи арена, неколку часа одмор, па на состанок со Владимир Путин. Таков беше распоредот на Хабиб Нрмагомедов деновиве, новата мегаѕвезда во боречките вештини.

Колку лично ја сфатил Хабиб оваа оваа борба најдобро говорат и неговите зборови по средбата со Путин, кој според руската јавност, го поддржал во целост, но му упатил и совет тоа да не го прави друг пат.

„Ѝ пристапивме на борбата од поинаков аспект, за него тоа беше натпревар, за мене борба. Војував за татковината, за религијата, не сакам никого да навредува! А, она што се случи по борбата, тоа е порака за сите останати да внимаваат што зборат. Не се каам за ништо, повторно би ја прескокнал оградата. Но, повеќе би сакал да продолжеше борбата, да го тепам уште повеќе. Но, и вака е добро бидејќи молеше за милост“, изјави Хабиб.

Евентуалниот реванш помеѓу него и Конор е извесен речиси 99 отсто, а во оние еден отсто влегуваат нешта кои се невозможни да се предвидат, како што се повредите.