Егоров освои бронзен медал на Медитеранските игри

Македонскиот репрезентативец Владимир Егоров беше подобар од Абделхак Хербаче со 7-2 на поени во борбата за бронзен медал во категорија до 65 кг борење во слободен стил.

Егоров имаше предност од 1-0 по првиот период, но потоа Хербаче направи пресврт (2-1), по што македонскиот репрезентативец успеа да освои шест поени по ред за триумф.

Ова е прв медал за Македонија на Медитеранските игри во Алжир.