Вајлдер нокаутираше маскота: Човекот зад костумот заработи скршена вилица (ВИДЕО)

Американскиот боксер Деонтеј Вајлдер се подготвува за борбата со Тајсон Фјури во тешка категорија, а како дел од промоцијата на спектаклот тој беше гостин во ЕСПН на шпански јазик. 

Како дел од шоуто, Вајлдер требаше да ја „нокаутира“ маскотата, но очигледно боксерот заборави дека зад маската има обичен човек. Тој удри толку силно, што човекот зад маската зарабодил скршена вилица.   

Боксерот потоа веднаш се извини преку „Инстаграм“ и го повика повредениот човек да биде негов специјален гостин на борбата на 1 декември.