Вајлдер: Еве доказ дека Фјури беше нокаутиран (ВИДЕО)

Деонтеј Вајлдер не може да се помири со ремито против Тајсон Фјури па на неговиот „Инстаграм“ објави видео со кое сака да докаже дека всушност победил со нокаут. 

Му зададе брутален удар на Фјури кој заврши на подот во нокдаун, но успеа да стане. Вајлдер вели дека неговиот противник не успеал да застане на нозе на време, односно минале 10 секунди и треба да се важи како нокаут и негова победа.