Трагедија во Бергамо: Поранешен европски шампион ја загуби битката со Ковид-19

Поранешниот европски шампион во бокс Анџело Ротоли почина од коронавирус. „Тутоспорт“ објави дека 61-годишниот спортист ја загубил битката во болница во Бергамо.

За да биде уште поголема трагедијата, две недели претходно поради пандемијата ги загубил мајката и братот.

Ротоли беше шампион на Италија и Европа во минатото во крузер категорија, а во 1987 година го освои ВБЦ појасот.

Во текот на кариерата имаше 35 борби, а победи во 30, додека запиша и три порази и две нерешни борби.