Трагедија слична на вчерашната во Кичево: Боксер починал среде борба на турнир во Скадар!

Голема трагедија се случи за време на боксерскиот турнир во албанскиот град Скадар, откако 21-годишниот Бугарин Исус Величков починал во петтата рунда во пресметката со домашниот фаворит, Ардит Мурја.

Тој примил неколку силни удари во глава и паднал во бесознание. Медицинските лица се обиделе да му помогнат, по што веднаш бил префрлен во болница каде што лекарите не успеале да му го спасат животот.

Првите информации се дека починал од срцев удар, кој беше причинител и за вчерашната смрт на македонскиот автомобилист Александар Кочевски (58 години) за време на квалификациите за трката на кружна патека во Кичево.