Трагедија: Руски боксер почина по пораз на меч во САД (ВИДЕО)

Рускиот боксер Максим Дадашев почина во САД од последиците на повредата на мозокот, добиено по поразот во пресметката минатата сабота со Порториканецот Субриел Матијас. Дваесет и осум годишниот Русин веднаш по мечот бил префрлен итно во болница поради сериозните повреди, но и покрај натчовечките напори на лекарите тој ја загубил најважната ботка во животот.

Дадашев до кобниот меч имал учинок од 13 победи (11 со нокаут) и само еден пораз.