Трагедија: По четири дена во кома почина боксерот со тешки повреди на главата

Боксерот Патрик Деј почина на 27-годишна возраст после четири дена во болница, откако здоби тешки повреди на главата од борбата со Чарлс Конвел.

Американецот беше ставен во вештачка кома поради тешки повреди на мозокот од борбата во која во десетата рунда беше нокаутиран. Трагичната вест ја соопшти промоторот Лоу Ди Бела.

„Тој беше син, брат, добар пријател на многумина. Неговата љубезност, великодушност и позитивноса оставија впечаток кај сите што го знаеа и среќаваа“, рече промоторот.

Ова е трета смрт на боксер, откако во јули Русинот Максим Дадашаев и Аргентинецот Хуго Сантилан исто така почнаа после тешки повреди на главата заработени од борбите во рингот