Тајсон и Џоунс ќе боксуваат по чудни правила: Без судии и без нокаут

Легендарниот светски шампион Мајк Тајсон во сабота прави официјален кам-бек во боксерскиот ринг против Рој Џоунс Џуниор. Ветераните ќе боксуваат во на егзибициски меч според интересни правила. 

Во рингот ќе има судија, но нема да има крај него, бидејќи нема да биде прогласуван победник. Исто така нема да има нокаут. Тајсон (54) и Џоунс (51) ќе боксуваат осум рунди, во време траење од по две минути.

Двајцата боксери ќе мораат да носат заштитна кацига и ќе имаат поголеми ракавици од оние кои ги користат елитните професионални боксери. Доколку еден од нив заработи расекотина борбата веднаш ќе биде прекината.