Сѐ поголем е бројот заразени со Ковид-19 од турнирот на кој настапија нашите Јанески и Лама!

По двајцата членови на репрезентацијата на Хрватска (боксер и тренер) и тројцата од Турција (боксер, тренер и член на стручниот штаб), бројката на потврдени заразени случаи со коронавирусот од неодамнешниот боксерски предолимписки турнир во Лондон се зголеми за уште еден.

Станува збор за тренерот на руската национална селекција, Антон Кадушин, кој е позитивен ан Ковид-19, болест која ја добил за време на престојот во британската престолнина кон средината на минатиот месец. На овој турнир настапија и македонските боксери Гоце Јанески и Јасин Лама, кои дури пред неколку дена се вратија во државата и се наоѓаат во задолжителен карантин.

Според руските медиуми, кадушин засега има само мали симптоми и се наоѓа во самоизолација, додека ниту еден од боксерите не е заразен. Нашите Јанески и Лама ќе почекаат уште десетина дена, по што и дефинитивно ќе знаат дека од Лондон се вратиле здрави.