Сензационална најава: Кличко наскоро се враќа во рингот!? (ВИДЕО)

Легендарниот Владимир Кличко се подготвува за сензационално враќање во рингот, а тоа го откри и англискиот новинар Стивен Бенс.

Според него, Украинецот ќе се бори на 13 април на „Вембли“, кога ќе има борба и Ентони Џошуа.

„Да, но Џошуа тогаш ќе има борба со Џарел Милер во Америка. Постојат многу опции за спектакл на ‘’Вембли’. Точно е дека Кличко ќе се врати и ќе се бори“, открива новинарот.

Единствен боксер, за кој се претпоставува дека ќе се бори со Кличко, е Дилијан Вајт, кој е во голема серија на победи (25-1).

Кличко во својата професионална кариера има 64 победи и пет порази, а ги загуби последните две борби, од Тајсон Фјури и Ентони Џошуа.