Се бара нова жртва – Фјури се враќа во рингот за два месеци!

Поранешниот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, соопшти дека ќе се врати во рингот на деветти јуни, прв пат по паузата од ноември 2015. година.

Фјури на 25. ноември 2015. година го победи Украинецот Владимир Кличко, но мораше да се откаже од своите титули по личните проблеми и позитивниот допинг-тест, а поради кршење на анти-допинг правилата му беше одземана и боксерската лиценца.

Според англискиот медиуми, Фјури ќе се бори на деветти јуни во „Манчестер арена“, а противникот засега не е познат.

Боксерот во меѓувреме тренираше и се обидуваше да го намали вишокот на килограми, а сѐ со цел да може да се брои против сонародникот Ентони Џошуа, кој моментално е шампион во тешка категорија.

Сепак, Џошуа, кој неодамна го победи Џозеф Паркер, нема да биде противник оваа година, откако покажа желба да се бори против Американецот Деонтеј Вајлдер.