Руиз по нокдаун го совлада Ареола, имаше жестока тепачка и во публика (ВИДЕО)

Енди Руиз се врати во рингот по година ипол, и тоа на борбата против Крис Ареола, а судиите со едногласна одлука му ја доделија победата.

Руиз имаше проблеми на почетокот од мечот, иако беше активен и подобар, но во втората рунда доби еден удар по кој падна во нокдаун.

Сепак, во продолжение ја презема контролата над борбата и ги добиваше рундите против Ареола, а на крајот судиите без дилеми му ја доделија победата.

Мечот го одбележа и жестока тепачка во публика на трибините.