Пропаднаа преговорите со Вајлдер: Фјури доби нов противник!

Поранешниот светски шампион Тајсон Фјури ќе се врати во рингот во јуни, откако неодамна со „ЕСПН“ потпиша договор вреден 100 милиони долари, а првата борба ќе ја има против непоразениот германски борец Том Шварц. Германецот во кариерата има 24 борби и 24 победи.

Фјури долго време преговараше за реванш со Деонтај Вајлдер, но преговорите пропаднаа, па британскиот борец потпиша договор со „ЕСПН“ и поради тоа доби нов ривал.

Шварц е најголемиот кандидат за борбата со Фјури, но постојат и некои шпекулации дека во последен момент би можел да влезе во конкуренција победникот од дуелот меѓу Кубрат Пулев и Богдан.

Без разлика кој ќе се бори против Фјури, ќе биде аутсајдер, но секако никој не очекуваше лесно да пропаднат преговорите за борба со Вајлдер.