Примислав Димовски едногласно избран за претседател на Боксерската федерација

На денешното изборно Собрание на боксерската федерација на Македонија беше реизбран претседателот Примислав Димовски, кој доби едногласна доверба од делегатите и ќе остане на чело на федерацијата уште четири години.

На Собранието присуствуваа 28 делегати, па сите гласаа за Димовски да остане претседател на Боксерската федерација на Македонија.

„Благодарам за довербата. Сакам да кажам дека ова ќе биде мој втор, но и последен мандат согласно законот. Ќе се борам боксот во Македонија да се развие и ќе се трудам да работат сите според правилата и сите клубови да имаат услови за подобра работа“, кажа Димовски.

Во Управниот одбор беа исбрани нови членови, меѓу кои се Фатон Асани, Самет Салиевски, Петре Неделковски и Душко Сачкарски, а во составот се уште и Ден Дончев, Блажо Донев, Горан Трајановски, додека Фатон Салиху е потпретседател на федерацијата.