Погоди реми на боксерски меч за светска титула и си ќари 12.500 фунти (ВИДЕО)

Деонтеј Вајлдер и Тајсон Фјури во неделата боксуваа за светската титула во ВБЦ верзијата во тешка категорија, но мечот заврши нерешено на изненадување на цела јавност. 

Можеби звучи чудно, но и во боксот има реми, што навистина ретко се случува. Не е вообичаено вакви борби да завршуваат без победник, но судиите не можеа да се одлучат за Вајлдер или Фјури.

Сепак овој конечен резултат му донесе многу радост на еден Англичанец, кој уплатил 500 фунти дека борбата ќе заврши нерешено. Тој си заработи 12.500 фунти со оглед на фактот дека коефициентот беше 25 за реми. Го частеше цел паб шампањ наместо пиво. Алал нека му се парите, бидејќи е вистински среќлија.