Ни Роналдо, ни Меси, ни Леброн: Боксер го има најголемиот договор во историјата!

Можеби Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Леброн Џејмс, Стеф Кари и другите светски спортски ѕвезди имаат неверојатни договори и заработуваат неверојатни суми на пари, но никој не успеал да заработи таква сума како боксерот Саул Алварез.

Мексиканецот потпишал договор од неверојатни 365 милиони долари со стриминг-сервисот „ДАЗН“ и оваа сума е најголемата во историјата на спортот, кој некој спортист успеал да ја земе. Младиот и талентиран боксер неодамна останал без ТВ-договор, откако „ХБО“ се откажа од преноси на бокс мечеви, а Алварез имал договор со оваа ТВ-куќа. Така во игра влетал „ДАЗН“ и потпишал петгодишен договор за 11 борби во тој период.

Досегашен рекорден договор беше тој на Џанкарло Сантон од 2014 година, кога бејзбол-ѕвездата потпиша за Мајами Маринерс во вредност од 325 милиони долари за 13 години. „ДАЗН“ е спортска медиумска платформа, која е специјализирана за боречки спортови, а во САД својата програма ја продава за 9,99 долари месечно.

Алварез првиот свој меч под милионскиот договор ќе го има на 15 декември во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк во борбата со Роки Фелдинг. Инаку во кариерата има 53 борби, а пред еден месец го победи Казахстанецот Генадиј Головкин за јубилеен 50-ти триумф. Има две ремија и еден пораз од Флојд Мејведер.