Не му доаѓа памет: Конор „нокаутираше“ гостин во бар! (ВИДЕО)
Ирецот застанал на шанк и почнал да ги чести пријателите со пијалок. Но, неговото однесување му пречело на еден од гостите, па му кажал дека нема причина да се однесува така бидејќи „Русинот веќе го нокаутирал“ (Хабиб Нурмагомедов).
Потоа, наводно истиот гостин одбил да го проба вискито кое го пиел Мекгрегор, а тоа кај Ирецот значи - бокс во веѓа.
Можеби ова немаше да биде толку шокирачко доколку не се работеше за повозрасен човек кој имал околу 50-тина години.
Мекгрегор по инцидентот веднаш бил исфрлен од локалот, додека гостинот останал прикован на шанк. Инаку, ова е еден од низата скандали кои Ирецот ги направи изминатите неколку години.