„Ми е гајле за титулите на Џошуа, за мене најдобар е - Фјури!“

Поранешниот британски боксер и шампион во велтер категорија, Рики Хатон зборуваше за моменталната состојба во тешка категорија и ривалството на Ентони Џошуа и Тајсон Фјури.

Хатон кажа дека предност е на страната на Фјури, иако Џошуа има титули во три верзии.

„Многумина го гледаат Џошуа во врвот, а мислам дека таму ќе го гледаа дури и ако Фјури го освоеше ВБЦ појасот во мечот со Вајлдер. Лично, за мене Фјури е најдобар. Тој никогаш не ги загуби титулите во рингот, а имаше и меч со Вајлдер, кој има 39 нокаути во 40 победи“, кажа Хатон.

Хатон во кариерата се бореше во велтер категорија, а имаше резултат од 45 победи и три порази, па сега работи како тренер и промотер.