Мејведер го воодушеви светот со својот потег по смртта на Џорџ Флојд (ВИДЕО)

Во претходните денови владееше голем хаос во САД откако полицијата го уби Џорџ Флојд.

Американската полиција го уби Флојд иако тој им кажуваше дека не може да дише. Но, тие не го слушаа и брутално го претепаа, по што тој на крајот почина.

Ова многу го потресе САД затоа што започнаа големи протести и немири низ целата земја. Многу јавни личности зборуваа и се залагаа за убиениот Флојд, а народот бараше правда за него.

Сепак, чекор понатаму отиде поранешниот американски боксер Флојд Мејведер кој стапи во контакт со семејството на убиеното момче. Тој дури и понудил да ги плати сите трошоци за погребот и да им помогне на членовите на ова семејство во иднина.

Ова го потврди и неговата компанија „Мејведер Промоушн“ со објава на Твитер.