Мегрегор се повлече од УФЦ поради обвинение за - силување!?

Ирската суперѕвезда, Конор Мегрегор денеска и официјално се повлече од организацијата на „УФЦ“. Американските медиуми шпекулираат дека тоа е поради неговото обвинение во Ирска, за силување.

Мегрегор е обвинет дека во декември минатата година силувал девојка, тој беше повикан на разговор, но и веднаш пуштен. Сега одново се разработува овој случај, а токму во овие моменти Мегрегор ја напушта најсериозната организација кога се во прашање ултимејт-борбите.

Потпаролот на Мегрегор, ги демантираше овие напади, објаснувајки дека ова се стари информации и дека причината за повлекување на Ирецот е недоволната почит од самата организација.