Кралот се врати на тронот: Ентони Џошуа го победи Енди Руиз! (ФОТО)

Британскиот боксер Ентони Џошуа ги врати шампионските појаси во ИВФ, ИБО, ВБО и ВБА на реванш дуелот против Мексиканецот Енди Руиз. Тој славеше со едногласна одлука од страна на судиите. 

Во борба која беше најавена како еден од најголемите спектакли во историјата на боксот, Џошуа пред се на тактички план успеа да го добие Руиз, во меч во кој немаше ниту еден нокаут.

Британецот успеа да го одалечи својот противник од себе и со постојани удари во главата и телото во текот на сите 12 рунди дојде до одбрана на титулата во тешка категорија.

Пред се, им благодарам на сите. Човек како мене не бара изговори. Минатиот пат ме нокаутираше, но сакав на сладок начин да се одмаздам, тоа и го направив. Важно е колку ќе удираш, а тоа да не биде повеќе од она колку пати ќе бидеш удрен, истакна Џошуа по натпреварот.