Кличко најави враќање: Можам да победам било кого во тешка категорија

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Владими Кличко, најави дека големи се шансите повторно да се врати во рингот.

Украинецот има 42 години, се пензионираше минатата година по двата порази од Ентони Џошуа во борбата за ИБФ, ВБА и ИБО појасите, кои претходно во 2015 година му ги одзема Тајсон Фјури.

Иако во изминатава година од неговото пензионирање Кличко ги одбиваше поканите да се врати, се чини дека во меѓувреме се предомислил.

„Сакам да се вратам. Чувствувам дека можам да победам било кого во тешка категорија“, наводно изјавил Кличко.