Канело го нокаутираше Роки во третата рунда (ВИДЕО)

Саул Канело Алварез уште еднаш го потврди својот квалитет во средна категорија, откако утринава во Њујорк го нокаутираше Роки Филдинг уште во третата рунда. 

Канело дури четири пати го „патосираше“ противникот, додека не го нокаутираше и тоа со удар во телото. За Канело ова беше 50-та победа во кариерата, има две ремија и само еден пораз и тоа од Флојд Мејведер во 2013 година.