Како на филм: Розенструк во последните секунди го нокаутираше Оверим (ВИДЕО)

Суринамскиот ММА борец, Јаирзињо Розенструк, го нокаутираше Холанѓанецот Алистер Оверим со нокаут во последната секунда.

Искусниот, триесет и деветгодишниот Оверим беше доминантен противник и излезе победник во сите четири рунди. Времето истекуваше и навивачите веќе го прогласија за победник, но на само четири секунди пред крајот, Розенструк го нокаутираше Оверим и му ја „украде“ победа „пред нос“.

Моќната левица во комбинација со прецизна и „остра“ десница експлодираше како бомба во „Капитал Арената“ во главниот град на САД, Вашингтон.

Оверим знаеше како да ги казни сите дефанзивни промашувања на Розенструк и прилично лесно ги освои првите три рунди со неколку квалитетни удари, додека Жаирзињо одговараше само на моменти.

Иако ова не беше таков вид на борба на која се надеваше Розенструк, сепак успеа на фантастичен и помалку „холивудски“ начин да победи.