Кабиб го провоцира Мекгрегор пред вечерашното соочување (ВИДЕО)

Кабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор ќе ги одмерат силите во рамки на УФЦ 229 во Њујорк за 16 дена. За вечерва е закажана прес-конференција на двајцата, па иако Ирецот е познат по провокациите, сега и Русинот реши малку да ги зачини работите. 

Кабиб објави видео на „Твитер“ со Мекгрегор, но наместо гласот на Ирецот измонтирал звуци од кокошка. Очигледно сака да му каже нешто, а бидејќи Мекгрегор никогаш не останува должен, на прес-конференцијата дефинитивно ќе биде драматично.