
Фјури не може да се помири дека не е најдобар: Двапати го победив Усик!
Фјури двапати беше поразен од Усик, но Британецот си ги брои тие мечеви како тој да ги добил.
Усик досега е непоразен, но Фјури вели дека двапати го победил Украинецот.
„Голема почит за Олександр Усик. Имаше одлична борба против Даниел Дубоа. Честитки и за двајцата. Усик многу добро знае дека има само еден човек кој може да го победи. Јас тоа веќе го направив двапати. Целиот свет го знае тоа. Бев изигран, но го прифатив тоа како маж. Не се шалам со боксерски меч. Само итам напред, јас сум е*ан Спартанец и без разлика што велат другите, јас ги добив тие е*ани борби. Тој не е победник. Ви го гарантирам тоа“, вели Фјури кој сака и трета борба со Усик за да докаже дека е подобар од Украинецот.
Боксерските фанови знаат дека ваквите изјави на Фјури се само желба да допринесе за да ја добие таа посакувана трета борба со Усик.