Фјури ќе добие огромно богатство за реваншот со Вајлдер

Реваншот меѓу Тајсон Фјури и Деонтај Вајлдер ќе се одржи во Њујор на 18 мај, а Фјури од мечот ќе добие неверојатни 20 милиони фунти.

Првиот дуел меѓу борците заврши со контроверзно реми, а непоразениот шампион Флојд Мејведер беше згрозен со резултатот.

Фјури по борбата инсистираше цел хонорар од седум милиони фунти да го подари на сиромашните.

„Јас тоа го правам за да удирам луѓе, не сакам пари за тоа и не сакам за мене да се зборува дека сум премногу хуман“, кажа Фјури.

Победникот од таа борба ќе има шанса да се бори со шампионот во тешка категорија, Ентони Џошуа.